Откако ја напуштила позицијата на креативна директорка, Донатела Версаче првпат се појавила во јавност
Донатела Версаче воодушевила со својот изглед на рок-кралица, во совршено одбрана модна комбинација. Некогашната креативна директорка на познатиот бренд „Версаче“ се појавила во впечатлива рокерска комбинација, која совршено спојува класични и модерни елементи, додека истовремено докажува дека стилот не познава години.
Донатела била видена во ноќен клуб, првпат откако ја напуштила позицијата на дизајнерка за брендот што го основал нејзиниот брат, Џани Версаче.
Во центарот на нејзиниот стајлинг доминира црна кожена јакна, вечниот сојузник на секој трендсетер. Ова култно парче, со својот беспрекорен крој и дискретни нитни, дава доза на смела елеганција и ја потврдува префинетоста на бунтот. Донатела ја искомбинирала јакната со црна маичка, која ја истакнала нејзината вита става.
Поврзани објави
Уште еден клучен елемент на овој стајлинг се широките фармерки со богати кристални украси, кои ѝ дале гламурозен печат на нејзината комбинација. Ова парче совршено ја отсликува естетиката на модната куќа „Версаче“ – раскош, екстраваганција и непоколеблива љубов кон деталите.
Задолжителен детаљ се и модните додатоци – црна чанта со препознатлива текстура и впечатлив накит, кој дискретно ја нагласува нејзината префинетост. Препознатливата долга платинеста коса во бранови и беспрекорно нашминканите очи дополнително го нагласиле овој моќен изглед.
Донатела Версаче во оваа модна комбинација докажува дека самодовербата и препознатливиот стил ѝ се најдобрите сојузници на секоја жена, како и безвременската црна кожена јакна.
ФОТО: Инстаграм