Фантастични бомбици по рецепт на Давор Панчевски
Бомбиците се еден од омилените избори за мезе, бидејќи може да се приготвуваат на различни начини, а секогаш се еднакво вкусни. Па така, не е ни чудо што први исчезнуваат од трпезата! Давор Панчевски, на Инстаграм познат како @daveskitchenofficial, сподели рецепт за бомбици од палента во три различни варијанти – со ајвар, сирење и спанаќ. Одлична идеја што сигурно ќе ви се најде во периодот на слави и прослави.
Состојки:
- 700 мл вода
- 250 г палента
- сол по вкус
- 50 г путер
- сирење, ајвар и сечкан спанаќ
За валање:
- сув власец
- буковец
- пржен сусам
Приготвување:
Поврзани објави
Згответе ја палентата со водата, солта и путерот. Поделете ја на три еднакви дела и оставете да се излади.
Во едниот дел додајте сирење, во другиот ајвар, а во третиот сечкан спанаќ. Формирајте бомбици и превалкајте ги во пржен сусам, буковец и сув власец.
Забавно готвење!
Подеталните упатства за приготвување погледнете ги во видеото во продолжение…
ФОТО: ИНСТАГРАМ