Иако со години се блиски пријателки и куми, Вики Миљковиќ и Светлана Цеца Ражнатовиќ не се посетуваат секогаш на денот на крсната слава. Пејачката сега откри дека зад тоа нема никакво недоразбирање, туку сосема практична причина – двете семејства го слават истиот празник и имаат многу гости.
Вики и Цеца ја слават Свети Никола, па поради бројните обврски и гостите што ги пречекуваат во своите домови, не успеваат да си возвратат на посетите токму на тој ден.
И таа има многу гости, но и јас. Не стигнуваме да одиме една кај друга. Една година јас доцна стигнав кај неа, а таа во некои претходни години доаѓаше кај мене кога славев по три дена, па можеше да дојде третиот ден“, објаснила Вики.
Нивното пријателство трае со години, а е крунисано и со кумство – Цеца ѝ била кума на Вики кога се венчавала со сопругот Драган Ташковиќ Ташке.
Но, покрај односот со кумата, пејачката откри и една особено емотивна промена во својот приватен живот. По смртта на родителите и брат ѝ Владица, одлучила да ја преземе семејната традиција и да продолжи да ја одбележува славата што ја наследила од нив.
Станува збор за Аранѓеловден, кој годинава првпат самостојно го одбележала во својот дом, сечејќи славски колач во спомен на родителите и покојниот брат.
Нашата слава е Свети Никола, тоа е слава на семејството на Ташке и на нашиот дом. Тоа традиционално го славиме, а годинава првпат јас презедов да го сечам колачот, односно преславата што остана од моите родители и покојниот брат – Аранѓеловден. Овојпат имаме две слави во домот“, открила пејачката.
Минатата година семејството не го одбележало Аранѓеловден, но сега Вики решила повторно да ја оживее традицијата. Првото семејно собирање било во најтесен круг, што за неа имало посебно емотивно значење.
Минатата година не го одбележавме, а годинава првпат го сечеме колачот и го прославуваме во најтесниот семеен круг. Свети Никола е славата што традиционално ја славиме, тоа е како славата на Ивко“, рекла Вики во емисијата „Премиера – Викенд специјал“.
Фото: