Уште една роденденска ноќ на д-р Емил Угриновски помина во стил по кој е препознатлив-со многу музика и големо друштво
Д-р Емил Угриновски го прослави својот 54. роденден, во атмосфера која уште еднаш потврди дека неговите роденденски забави одамна се претворени во настани за кои се зборува.
Просторот во „ Мош“ беше исполнет со пријатели и соработници од различни сфери на општествениот живот , доктори, бизнисмени, инфлуенсери, јавни личности, како и дел од навивачката група „Комити“. Разноликоста на гостите беше доказ за широкиот круг на познанства и влијанието што тој го има низ годините.
Вечерта помина во весела и динамична атмосфера, а за музиката беше задолжен „Бузуки бенд“, кој со препознатливиот звук на грчки мелос и популарни балкански хитови ги расположи гостите. Се наздравуваше со чаши високо кренати, а подиумот речиси и да не остана празен.
Поврзани објави
Роденденската торта со две пури, беше дочекана со аплауз и громогласно „Среќен роденден“, а славеникот видно расположен им се заблагодари на присутните за пријателството и поддршката. Во тие моменти, зад светлата и музиката, можеше да се почувствува искрената емоција дека ова не е само уште една гламурозна забава, туку вечер на заедништво и долгогодишни пријателства.
ФОТО: ПРИВАТНА АРХИВА