Почетна Убавина и здравјесет Niacinamide Infusion + Tea Glow Exfoliating Lotion од Мартимекс – Убавина и здравје

сет Niacinamide Infusion + Tea Glow Exfoliating Lotion од Мартимекс – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Овој и многу други подароци можете да добиете следејќи нè на социјалните мрежи

„Мартимекс“ ќе израдува една читателка на „Убавина и здравје“ со сет на TeaologyNiacinamide Infusion + Tea Glow Exfoliating Lotion.

Лосионот за пилинг Tea Glow Exfoliating содржи „инфузија“ од органски зелен чај и салицилна киселина, и ефикасно чисти порите и ја осветлува кожата.

Насочената формула за борба против нечистотии, мозолчиња, зголемени пори, траги од акни и обезбојување на Niacinamide Infusion видливо го подобрува изгледот на кожата. Витаминот Б3, попознат како ниацинамид, се обезбедува во оптимална концентрација од 8% за да ја регенерира оштетената кожна бариера, главна причина за воспаление на кожата.

Дејствувајќи во синергија со антиоксидантната „инфузија“ од зелен чај и салицилна киселина, имсе спротивставува на мозолчињата, го осветлува и изедначува тенот, додека бакучиолот, природната активна состојка исто толку ефикасна како ретинолот, но понежна од него, го регулира производството на себум и ги намалува дамките и трагите од акни.


Поврзани објави

Доколку сакате да го добиете подарокот, треба да ја лајкнете нашата ФБ-страница @ubavinaizdravje.mk, објавата да ја споделите на вашиот фејсбук-профил, доколку сакате, оставете ни и ваш коментар (вашите коментари ни значат многу) и со тоа станувате потенцијален добитник на подароците од тековната „У&З-лавина од подароци“.

Добитникот се избира по случаен избор на редакцијата, а сите добитници на подароците ги објавуваме во следниот број на списанието „Убавина и здравје“, кое излегува во октомври.

Би сакале да истакнеме дека ние не вршиме достава на подароците, може да се подигнат лично или од страна на некој ваш близок во нашата редакција со приложување лична карта.

Читајте нè! Забавувајте се нас! Ние сме тука заради вашата убавина и здравје!

Текст и фото: ПР