Од замастен црн дроб најчесто боледуваат алкохоличарите, но сè почесто во ризични групи спаѓаат и дијабетичарите, гојазните и трудниците
Една од најчестите причини за замастен црн дроб е алкохолизмот. Претераната консумација на алкохол го менува начинот на разградување и складирање маснотии, а за оваа состојба придонесува и хроничната потхранетост, која честопати е присутна кај алкохоличарите.
Во случај на неалкохолен замастен црн дроб, доаѓа до насобирање маснотии во црниот дроб кое не е предизвикано од алкохол, а сè почесто се појавува кај екстремно гојазни жени, трудници или дијабетичари.
Замастен црн дроб е нарушување при кое доаѓа до дифузно акумулирање неутрални масти (триглицериди – еден од видовите масти што се користи за добивање енергија и создавање нови клетки) во клетките на црниот дроб, како последица на нарушено разградување на мастите.
Диеталната исхрана е составен дел од лекувањето на пациентите со замастен црн дроб. Со правилна диета, се постигнува брзо и целосно закрепнување, а правилната исхрана го штити црниот дроб и му овозможува правилна функција.
Испробајте го овој еднодневен детокс, кој е идеален третман за црниот дроб:
1. Кога ќе се разбудите, испијте чаша топла вода со цеден лимон и малку мед.
2. Испијте свеж сок од морков или изедете салата од рендани моркови и јаболка.
3. Појадок: чинија мешана овошна салата со една лажица семиња или фрапе од цреши и оризово млеко. Изедете онолку колку што ви треба да се чувствувате сити.
4. Пред ужината, испијте чај од маточина и чаша или повеќе чаши вода.
5. Ужина: свежо цеден овошен сок и интегрални бисквити или салата од свеж целер и моркови.
Поврзани објави
6. Ручек: голема чинија зелена салата или салата од свеж зеленчук, интегрален ориз сварен на вода со додаток зеленчук, јогурт. Или чорба од зеленчук, варен зеленчук и риба, со сок од јаболка.
7. По ручекот, испијте чаша вода и чај од маточина.
8. Пред попладневната ужина испијте свежо цеден овошен или зеленчуков сок.
9. Попладневна ужина: чај со младо немасно сирење, намачкано на парче интегрален двопек.
10. Пред вечерата, изедете едно јаболко, добро измиено во топла вода.
11. Вечера: зеленчукова чорба со малку или без сол, артичока на скара со варена бела риба и салата од мешан зеленчук, зачинета со лук, лимонов сок и маслиново масло.
12. По вечерата може да се напиете чај од маточина.
13. Пред спиење, испијте уште една чаша вода во која сте раствориле малку глина и лен.
Секако, покрај овој еднодневен детокс, би требало комплетно да ја приспособите исхраната, за да не го оптоварувате веќе нарушеното здравје на црниот дроб. Се препорачува медитеранска диета, богата со овошје, зеленчук, интегрални житарки и здрави масти, која може значително да го подобри здравјето на црниот на дроб.
ФОТО: julien Tromeur / Unsplash