Данските научници покажале дека лицата со слични дијагнози често стапуваат во врски, што може да се објасни порастот на менталните нарушувања во семејствата
Изборот на животен партнер можеби не е комплетно случаен, особено кога станува збор за лицата со ментални нарушувања. Ново истражување на дански научници покажало дека луѓето со одредени дијагнози почесто започнуваат врска со лица кои имаат исти или слични проблеми.
До овој заклучок дошле со анализа на податоци од повеќе од 4,2 милиони жители на Данска.
Ментални нарушувања во семејството
Научниците анализирале податоци за 549.000 родителски двојки и повеќе од 822.000 деца родени во периодот од 1969 до 2017 година. Потоа, споредиле вистински семејства со модели во кои партнерите биле спарувани по случајност.
Се покажало дека лицата со ментални нарушувања навистина почесто започнуваат врски со лица кои имаат слични дијагнози. Ова било најизразено кај шизофренијата.
Поврзани објави
Слична појава е забележана и кај АДХД, нарушувања од спектарот на аутизмот и нарушувања поврзани со употреба на психоактивни супстанции.
Сепак, дијагнозите на партнерите не се поклопувале секогаш. Така, на пример, било прилично вообичаено мажот да има нарушување поврзано со употреба на психоактивни супстанции, додека жената има АДХД.
Истражувачите пресметале дека ваквиот избор на партнер би можело да биде поврзан со порастот на вкупната застапеност на ментални нарушувања за 1,8 отсто, како и со порастот на нивната семејна наследност за 12,5 отсто.
Експертите сметаат дека овој феномен би можел да биде еден од факторите кои објаснуваат зошто менталните нарушувања се зачестени во одредени семејства.
ФОТО: Pexels