Фотографијата на Лорен Санчез од детството не само што открила колку претерала со пластичните операции, поради што често ја споредуваат со восочна фигура, туку открила и дека страдала од едно нарушување
Лорен Санчез, свршеницата на Џеф Безос, во една пригода открила како изгледала како девојче кога на социјалните мрежи објавила своја фотографија од младоста.
Тогаш не само што открила дека порано била сосема обична црнокоса девојка, туку открила и дека страда од едно нарушување.
„Кога ќе ја погледнам оваа фотографија, само сакам да ја прегрнам оваа помлада верзија од себе и да ѝ кажам дека сѐ ќе биде во ред. Додека растев, не знаев дека имам дислексија. Тоа ми го отежнуваше читањето, поради што чувствував дека заостанувам во споредба со другите деца. Да бидам искрена, бев исплашена. Подоцна, мојата професорка на факултет ми го промени животниот пат.
Потоа, веќе ништо не беше исто – научив како да учам, и засекогаш ќе ѝ бидам благодарна. Денес е Светскиот ден на книгата и многу сум среќна што ја славам мојата љубов кон читањето и пишувањето. Немојте погрешно да ме сфатите, мојот правопис е толку лош што понекогаш ни дигиталниот речник не знае што се обидувам да напишам. Но кога девојчето на оваа фотографија би знаело дека ќе напише книга за деца, никогаш не би поверувало во тоа“, додала таа.
Поврзани објави
Безос се вљубил во неа уште додека бил во брак со Мекензи Скот, со која има четири деца. Во тоа време, Санчез била омажена за Патрик Вајтсел.
Тогаш, нивниот љубовен четириаголник предизвика вистински медиумски скандал. Џеф и Лорен тајно се гледале зад грбот на нивните сопружници, а наводно, се запознале преку нејзиниот тогашен сопруг. Се свршиле во 2023 година по речиси пет години врска. А сега ја подготвуваат „свадбата на годината“, како што ја нарекуваат медиумите.
ФОТО: Инстаграм