Почетна СветМакедонија домаќин на Балканските медицински наменски сили: Над 100 припадници од шест земји со заедничка мисија (ВИДЕО)

Македонија домаќин на Балканските медицински наменски сили: Над 100 припадници од шест земји со заедничка мисија (ВИДЕО)

од nenad
1 минути читај за

Foto: Facebook / Vlado Misajlovsk

Како рамковна земја, Македонија придонесува за зајакнување на медицинските капацитети, унапредување на регионалната соработка и спасување човечки животи.

Македонија е рамковна земја на Балканските медицински наменски сили, во чии активности учествуваат над 100 припадници од шест земји.

Ова го истакна министерот за одбрана Владо Мисајловски, посочувајќи дека заедничката мисија е насочена кон спасување човечки животи, зајакнување на медицинските капацитети и унапредување на безбедноста во регионот.

„Една заедничка мисија – спасување човечки животи. Заедно градиме посилни медицински капацитети и побезбеден регион“, порача Мисајловски.

Учеството на шесте земји во оваа иницијатива претставува пример за регионална соработка и заедничко дејствување во областа на воената медицина, со цел подобра подготвеност и поефикасен одговор при различни кризни ситуации.


Post Views: 71

Извор : vesnik-ilinden.com

Македонија домаќин на Балканските медицински наменски сили: Над 100 припадници од шест земји со заедничка мисија (ВИДЕО)