Ноември е месец за нови откритија, убави промени и теми што заслужуваат внимание. Новиот број на „Убавина и здравје“ ве води низ светот на убавината, модата, здравјето и животниот стил, со интересни соговорнички, актуелни трендови и содржини што ќе ве инспирираат да погледнете на секојдневието од поинаква перспектива.
На насловната страница се Илариа Кирилов и Луна Стефаноска, кои заедно со GOLDEN ROSE ја носат приказната за убавината во центарот на вниманието.
Во фокусот на овој број е темата „Сигурноста е новата страст“, посветена на вредноста на самодовербата и на чувството на сигурност како важен дел од современиот живот.
Во рубриката „У&З жени“ ве очекуваат повеќе инспиративни приказни: Дарја Ризова зборува за животот меѓу сонот и реалноста, Јелена Томашевиќ за верноста кон сопствената мера и вкус, а Андријана Арлен открива нова музичка приказна.
Ви ги пренесуваме и впечатоците од Профемина 2026, а во пресрет на Мовембер, со Марија Лукаревска отвораме важна тема – превенцијата на ракот на простатата и грижата за машкото здравје.
Во рубриката „Убавина“ ве очекуваат новитети од Golden Rose, совети за нега на вратот и деколтето, ден посветен на убавата коса и искрен разговор со Сандра Матеска за тоа што (не) сака кај себе. М
одната приказна „Ноемвриски дождови“ носи инспирација за сезоната, додека во рубриката „Во тренд“ откриваме пастелни есенски комбинации, нови имиња во светот на убавината, интересни гастрономски откритија и идеи за домот и секојдневието.
Поврзани објави
Не пропуштајте ги ни темите посветени на мајчинството, машкото здравје, принципот 80/20 и личниот напредок. А кога ќе посакате да отпатувате без да го напуштите омиленото катче за читање, ве водиме до Африка – преку нејзините приказни, вкусови и атмосфера.
Ноемврискиот број го заокружуваме со игра на вкусови и со Теа Трајковска.
Новиот број на „Убавина и здравје“ веќе е тука! Пронајдете го насловот што ве привлекува, приказната што ќе ве допре и советот што ќе посакате да го примените.
Ви посакуваме пријатно читање!
Следниот број излегува во декември.
Фотографија: Антонио Станков