Почетна Убавина и здравјеОна што го одбираш денес ги обликува спомените кои ги носиш утре – Убавина и здравје

Она што го одбираш денес ги обликува спомените кои ги носиш утре – Убавина и здравје

од nenad
3 минути читај за

Мирисот поставува едно едноставно прашање: што одбираш денес за да го паметиш утре?

Постои нешто речиси незабележливо во сегашниот момент. Моментот низ кој минуваме, честопати и без да размислуваме за него, веќе станува нешто друго. Не исчезнува, туку ја менува својата форма и полека се претвора во минато.

Future Memories тргнува токму од ова сознание. Новиот парфем BYREDO Eau de Parfum, создаден од парфимерот Квентин Биш, не се навраќа на носталгијата, туку се фокусира на мигот непосредно пред да се роди споменот. Тоа е речиси бестежински, запрен момент во кој доживувањето сè уште е живо и сè уште ја нема добиено својата конечна форма.

Мирисот поставува едно едноставно прашање: што одбираш денес за да го паметиш утре?

KАМПАЊА: МИРИС НА НЕШТО НОВО

Визуелниот свет што ја следи кампањата, овековечен од францускиот фотограф и режисер Арно Лажени, отстапува од традиционалниот начин на раскажување. Познат по својот визуелен израз во кој ги спојува суровите емоции, скулптуралната убавина и префинетото чувство за бои, Лажени не ги доловува настаните, туку чувствата и сензациите.

Светлината што лизга по кожата или движењето што за миг запира – ништо не е целосно дефинирано ниту заокружено. Наместо тоа, сцените создаваат атмосфера во која секој кадар изгледа како минлив спомен. Кампањата е снимена во околината на Кејптаун, Јужна Африка, чии разновидни пејзажи суптилно се провлекуваат низ визуелната приказна, следејќи едно патување низ различни амбиенти.

Во центарот на кампањата се Мaрина Онтанаја и Луис Бејнс, брачен пар чиј однос внесува искрена блискост и интимност во приказната. Низ пејзажите, заедничките ритуали и спонтаните моменти, тие ја доловуваат суштинската порака на мирисот Future Memories: што избираме денес за да го паметиме утре? Нивната приказна не се врти околу крајната дестинација, туку околу самото доживување и моментите што му даваат посебност.

Визуелната приказна дополнително ја надополнуваат фотографиите на цвеќиња, кои ги направил Лажени. Овековечени во мигот меѓу расцутувањето и овенувањето, цветовите ја отсликуваат минливата природа на доживувањата. Исто како спомените, тие ја чуваат убавината на моментот токму додека тој се менува и добива нов облик.

Заедно, овие сцени создаваат чувство како да се наоѓаме во самиот спомен, уште пред тој целосно да се роди.


Поврзани објави

МИРИС

Квентин Биш ѝ пристапува на ванилата не како на познат симбол на топлина и утеха, туку како на мирисна состојка што треба да се истражи со јасност и прецизност, без преголемо потпирање на нејзината сладост.

„Future Memories зборува за мирисот што го носиме денес, а кој еден ден ќе стане спомен што другите ќе го чуваат за нас.“

— Квентин Биш, парфимер

Мирисот се отвора со јасни, благо остри ноти. Есенцијата на галбанум и акордот на црна рибизла внесуваат зелена, речиси минерална свежина, дополнително нагласена со алдехиди, кои создаваат чувство на целосна присутност во моментот.

Во срцето на композицијата, ритамот забавува. Ирисовиот путер и лабданумот внесуваат текстура и контролирана длабочина, додека цветот од портокал и белиот акорд на ванила суптилно го навестуваат она што допрва доаѓа.

Во базата, акордот на ликер од ванила и CO₂ екстрактот од ванила од Мадагаскар се преплетуваат со Ambrofix и мошусните ноти, создавајќи мирис што не се наметнува. Сладоста е ублажена, а она што останува е суптилен сјај, кој потсетува на начинот на кој одредени моменти ни остануваат во сеќавање – не само како јасни слики, туку и како чувство што е тешко да се опише со зборови.

Структурата на мирисот го следи самиот процес на создавање на споменот: почетен блесок, постепено смирување и мирисна трага што останува – ненаметливо, но постојано.

Парфимер: Квентин Биш

BYREDO Future Memories е достапен во парфимериите Belodore.