Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ реагираше на коментар на корисничка на Инстаграм, која го критикуваше нејзиниот внук Исаија, откако момчето во градинка било облечено во костим на бубамара.
Сè почнало кога Богдана Ражнатовиќ дошла да го земе синот од градинка и го затекнала во необичен костим. Нејзиниот сопруг Вељко потоа јавно го изразил своето незадоволство, истакнувајќи дека смета оти е неприфатливо момчињата во такви установи да носат здолништа.
Овој настан предизвика бројни реакции, а меѓу коментарите што привлекоа внимание се најде и оној на една корисничка на Инстаграм, која го изнесе своето мислење за целата ситуација.
Детето само си го избрало костимот. Мислам дека токму тоа најмногу го боли“, напиша таа.
Поврзани објави
На нејзината забелешка реагираше и Цеца, која очигледно не сакаше да премолчи коментар на сметка на својот внук.
Е, кутрата ти…“, кратко ѝ порача пејачката, а нејзиниот одговор набрзо привлече внимание во јавноста.
Фото: Printscreen X