Table of Contents
Приказната за Анџела Дијаз била многу инспиративна – го победила ракот и нашла вистинска љубов, но кога почнало да се одмотува клопчето на морничавата вистина – целиот свет се шокирал
Анџела Дијаз (26) отсекогаш раскажувала дека пораснала во сиромаштија, со родители кои се мразеле и не ја сакале ниту неа ниту меѓусебно, додека во училиште била жртва на врсничко насилство. Како што самата раскажувала, најголемиот животен удар го доживеала на 23 години, кога ѝ бил дијагностициран рак на грлото на матката.
Љубов со школскиот другар и неверојатен пресврт во животот
Сепак, наводно успеала да ја победи болеста, а среќата конечно ѝ се насмевнала кога повторно го сретнала својот школски другар Ијан, кој работел како полицаец. Се венчале по само еден месец, а Анџела, на која лекарите претходно ѝ соопштиле дека останала неплодна, на семејството му ја објавила чудесната вест – била бремена со близнаци!
Закани со смрт
Нивната брачна идила била прекината кога Анџела почнала да добива морничави закани со смрт. Воедно, на веб-страница за огласување се појавил лажен профил со нејзиното име, во кој пишувало дека „бара мажи кои ќе ги исполнат сите нејзини сексуални фантазии“. Со огласот биле објавени и нејзина вистинска фотографија, адреса и телефонски број.
Кулминацијата на драмата се случила кога Анџела во хистерија повикала итна помош и полиција.
„Едвај се одбранив од напаѓачот во сопствената гаража! Сигурна сум 99 отсто дека тоа е Мишел Хедли!“, викала Анџела, вперувајќи го прстот кон поранешната свршеница на својот сопруг.
Учителка во центарот на скандалот
Мишел Хедли, почитувана учителка во основно училиште, доживеала шок кога полицијата ѝ затропала на вратата. Иако со години била во врска со Ијан и заедно со него купила куќа, пред тој да ја остави поради Анџела, таа решително ја негирала вината.
„Одамна го оставив минатото зад себе и продолжив со нов живот. Никогаш не ги следев Ијан и Анџела“, се бранела очајната Мишел за време на сослушувањата.
Поврзани објави
Таа додала дека се сомнева оти некој ѝ ја хакирал електронската пошта.
Сепак, властите не ѝ поверувале, а нејзиниот поранешен свршеник лично инсистирал таа да биде уапсена. Мишел поминала речиси три месеци во затвор. Кариерата ѝ била уништена, родителите на учениците биле згрозени од помислата дека нивните деца ги чува криминалец, а нејзиното семејство морало да ја стави куќата под хипотека за да ги плати скапите адвокати.
„Во текот на тие 88 дена во затвор за малку ќе го изгубев разумот“, признала подоцна Мишел.
Пресврт од кој застанува здивот!
По неколкумесечна истрага, спроведена од цел тим компјутерски експерти, на виделина излегла морничавата вистина – заканите ги испраќала самата Анџела!
Таа тајно купила друг лаптоп и си испраќала електронски пораки користејќи јавни Wi-Fi мрежи, со единствена цел: целосно да ѝ го уништи животот на поранешната свршеница на својот сопруг.
Патолошка лажливка
Психијатриското вештачење утврдило дека Анџела е патолошка лажливка и дека веќе не може да се утврди кои делови од нејзината животна приказна воопшто се вистинити. Дури и нејзината „бременост со близнаци“ била лага – фотографија од ултразвук купила на интернет, со морбиден план подоцна да го излаже сопругот дека доживеала спонтан абортус поради стрес.
Крајната цел на оваа пресметлива жена била да ја претстави Мишел како „луда, љубоморна поранешна партнерка“, себеси да се прикаже како жртва, а потоа својата приказна да им ја продаде на стриминг-платформите за милиони.
Во ироничен пресврт на судбината, Нетфликс навистина ја сними серијата „Токсична љубовна приказна“, но главната хероина во неа е токму Мишел, која била незаконски обвинета, додека мрежата од лаги на Анџела засекогаш била разоткриена.
ФОТО: ЈУТЈУБ