Дарко Лазиќ открива како го уништиле лажните пријатели и како љубовта го вратила на вистинскиот пат
Дарко Лазиќ, еден од најпознатите балкански пејачи, беше невообичаено искрен во своето последно интервју. Тој отвори душа за најмрачните периоди од својот живот, кога лажните пријатели, пороците и славата го оддалечиле од себеси и од она што навистина е важно.
Години потрошив на луѓе што не заслужуваа ни минута од моето време. Се запоставив себеси, мојот глас страдаше, мојата душа беше во сенка. Ме спасија само оние што вистински ме сакаат“, изјави Дарко, не криејќи дека бил на работ на пропаст.
Тој јавно зборуваше за својот пад и за тоа како денес се обидува да биде пример за другите.
Поврзани објави
Сакам да покажам дека секој човек може да се промени. Луѓето што ме напуштија кога ми беше најтешко ми отворија очи“, додаде тој.
Најголема заслуга за неговата трансформација ѝ припишува на неговата сопруга Катарина.
Таа знае како да се справи со мене. Кога би се скарале во тие тешки моменти, ќе беше крај. А таа избираше тишина, разбирање, љубов. Таа беше мојот мир среде хаосот“, раскажа Дарко во еден од најемотивните моменти од интервјуто.
printskrin Youtube-Republika TV