Со солзи и смеа, Марија се присети на незаменливиот Саша Поповиќ и нивната блискост…
Марија Шерифовиќ, препознатливото лице на музичкото шоу Ѕвездите на Гранд, со длабока емоција се присети на покојниот Саша Поповиќ, за кого вели дека и понатаму многу ѝ недостасува. Во велигденското специјално издание на „Премиера“, таа откри детали од нивното пријателство и заедничките моменти на снимањата.
Не бев на четириесетдневниот помен и морам да одам. Ми недостига, иако се смеам, често плачам поради него. Тој беше човекот кој секогаш можеше сè, секогаш беше тука за нас“, раскажува Марија со трепет во гласот.
Иако призна дека мразела паузи на снимањата, постоела една причина поради која им се радувала – разговорите со Поповиќ.
Поврзани објави
Ги мразев паузите, но чекав само за да ми раскаже некоја приказна повеќе. Тој ме туркаше напред, тој беше ѕвезда на Гранд. Сега сè функционира, но ништо повеќе не е исто“, рече Марија.
Меѓу емоционалните спомени, откри и дека со Саша била поблиска отколку со сопствениот татко.
Не му кажав некои работи, и никогаш нема да ги кажам. Но, тој беше неверојатен човек, барем во односот со мене“, заклучи таа со тага и почит.
printskrin Youtube-K1 Televizija