Почетна Убавина и здравјеНаместо ориз, додадете ја оваа состојка! – Убавина и здравје

Наместо ориз, додадете ја оваа состојка! – Убавина и здравје

од nenad
3 минути читај за

Сезоната на пиперките е идеална за подготовка на едно од омилените традиционални јадења – полнети пиперки. Сочни, миризливи и полни со вкус, тие се ручек на кој многумина му се враќаат со задоволство. Но, постои еден мал трик што може да го направи филот уште посочен, а јадењето да добие поинаква нота.

Наде, готвачка во познат скопски ресторан, открива дека една интересна алтернатива на оризот може да направи вистинска разлика во филот. Станува збор за тиквичките, кои му даваат дополнителна сочност на месото и одлично се комбинираат со останатите состојки.

Ако сакате да внесете мала промена во традиционалниот рецепт, овие пет трикови можат да ви помогнат да подготвите вкусни и сочни полнети пиперки.

Подгответе ги пиперките пред полнење

Измијте ги пиперките, внимателно отстранете ги дршките и семките. Изберете пиперки со слична големина за да се сварат рамномерно и полесно да ги наредите во тенџерето.

Ако сакате да го ублажите евентуалниот горчлив вкус, можете накратко да ги потопите во солена вода, а потоа добро да ги исцедите пред полнењето.

Тајната на сочниот фил е во подготовката на месото

За филот можете да користите мелено свинско месо или комбинација од свинско и говедско месо, во зависност од вашиот вкус. На малку масло пропржете ситно сечкан кромид додека да омекне. Потоа додајте го месото, зачинете по желба и добро измешајте. Ако се одлучите за класичен фил со ориз, можете претходно кратко да го проварите, без целосно да го сварите, за да ја задржи потребната текстура во текот на готвењето.

Наместо ориз, додадете тиквички

Ова е трикот што вреди да го испробате! Наместо ориз, во филот можете да додадете ситно исечкана или изрендана внатрешност од тиквички. Тиквичките содржат многу вода, па му даваат дополнителна сочност на месото, а притоа се одлично се комбинираат со кромидот и зачините. Ако се премногу водени, лесно исцедете ги пред да ги додадете во филот.


Поврзани објави

Оваа варијанта е интересна за сите што сакаат да експериментираат во кујната и да го освежат класичниот рецепт со едноставна состојка.

Не го заборавајте сосот

Полнетите пиперки се особено вкусни кога се подготвуваат во богат сос од домати. Додајте малку масло, сол, црн пипер и зачини по желба, а за дополнителна арома можете да употребите и малку црвен пипер.

Гответе ги на умерена температура, за пиперките постепено да омекнат, а вкусовите убаво да се соединат. Внимавајте сосот да не испари целосно, бидејќи токму тој придонесува за сочноста на јадењето.

Не ги полнете пиперките до самиот врв

Една од најчестите грешки при подготовката на полнети пиперки е претерувањето со количината на филот. Ако користите ориз, имајте предвид дека тој ја зголемува својата запремнина за време на готвењето, па може да ја оштети пиперката.

Филот ставајте го внимателно, без премногу да го притискате, и оставете малку простор при врвот. На тој начин состојките ќе можат рамномерно да се сварат, а пиперките ќе ја задржат својата форма.

Мал трик за уште повкусен ручек

Полнетите пиперки се едно од оние јадења што често се уште повкусни следниот ден, кога вкусовите добро ќе се соединат. Послужете ги топли, со свеж леб или прилог по желба.

Ако сте љубители на традиционалната кујна, но сакате да внесете мала промена во омилените рецепти, замената на оризот со тиквички е едноставен начин да го освежите ова класично јадење и да добиете поинаков, посочен фил.