За Ана Николиќ, Велигден носи болни спомени – денот кога го изгуби најважниот маж во својот живот.
Иако Велигден за многумина е празник на радост и воскресение, за пејачката Ана Николиќ тој секоја година буди тага и болка. На овој ден, далечната 1998 година, таа го загуби својот татко Душан Николиќ, кој почина од инфаркт на само 43 години.
Тоа беше најтешкиот период во мојот живот“, открила Ана.
Потоа додаде:
Тетка ми, која е здравствен работник, го реанимираше и му ги врати срцевите функции, но беше во кома 23 дена и никогаш не се разбуди… Јас сите тие денови ги преспав. Немав сила да го гледам на апарати.“
Поврзани објави
Нумерата „Да те вратам“ од албумот „Лабилна“ е посветена токму на нејзиниот татко.
Дополнително, Ана неодамна проговори и за својот комплексен однос со мајка си – тема која дури била дел од нејзината психотерапија.
Кога психотерапевтката ми рече дека нешто не е во ред во односот со мајка ми, скокнав да се расправам! А излезе дека токму тоа е проблемот. Не може мајка и ќерка да бидат другарки, да излегуваат по град… Тоа не е нормално“, изјави Ана.
printskrin Youtube-PINK.RS