Почетна Убавина и здравјеДвајца од хоспитализираните во Бугарија почнале да се движат – Убавина и здравје

Двајца од хоспитализираните во Бугарија почнале да се движат – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Вкупно 15 пациенти се лекуваат во бугарските болници

Двајца од повредените во пожарот во кочанската дискотека, кои се хоспитализирани во Бугарија, почнале самостојно да се движат, информираше македонското Министерство за здравство.

Во болниците во Бугарија во моментот се лекуваат вкупно 15 пациенти, од кои седум се интубирани, а шест биле подложени на хируршки интервенции. Сите оперирани пациенти се во стабилна хемодинамика, а двајца од нив од денес почнуваат да се движат, што се смета за позитивен напредок во нивната рехабилитација.


Поврзани објави

Според официјалните податоци, од вкупно 178 повредени во трагедијата, 64 лица сè уште се на болничко лекување во јавните здравствени установи во Македонија, додека 13 пациенти се третираат во приватни болници. Освен во Бугарија, 101 повреден е на лекување во други странски медицински центри.

Иако состојбата на дел од пациентите останува сериозна, лекарите уверуваат дека се преземаат сите неопходни медицински мерки за нивно закрепнување.

Фото: принтскрин социјални мрежи и Јутјуб