Почетна Убавина и здравјеУтре неработен ден во Кочани, преземени безбедносни мерки – Убавина и здравје

Утре неработен ден во Кочани, преземени безбедносни мерки – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Според Митева, целта на протоколот е да се заштити приватноста на семејствата на жртвите, додека истовремено се обезбедува професионално покривање на настанот.

Владата вечерва одржа вонредна онлајн седница, на која беа донесени четири заклучоци во врска со деновите на жалост и погребот на жртвите од пожарот во Кочани, кој е закажан за утре. Државните институции се задолжени да ги ослободат вработените од работните обврски, додека на локалната самоуправа и приватниот сектор им се препорачува да постапат согласно одлуката, соопшти портпаролката на Владата, Марија Митева.

Митева истакна дека здравствените установи, училиштата и градинките треба да ја организираат својата работа според актуелните потреби, со цел да се одржи континуитетот во нивните услуги.


Поврзани објави

Министерството за внатрешни работи има обврска да ги преземе сите неопходни безбедносни и сообраќајни мерки, додека Министерството за здравство, во соработка со Центарот за управување со кризи и Црвениот крст, треба да обезбеди амбулантни возила. Локалната противпожарна единица е задолжена да ги спроведе сите активности согласно своите надлежности“ – изјави Митева.

Таа нагласи дека Владата, во координација со Министерството за внатрешни работи и новинарските здруженија, изготви медиумски протокол за безбедно и етичко известување од погребот. На медиумите ќе им биде овозможен пристап во посебно означена зона, а ќе биде воведена и забрана за употреба на беспилотни летала. Според Митева, целта на протоколот е да се заштити приватноста на семејствата на жртвите, додека истовремено се обезбедува професионално покривање на настанот.

Фото: принтскрин социјални мрежи и Јутјуб