На повеќето жени им е тешко да се впуштат во однос, но кога ќе го направат тоа, тој често е проследен со љубов.
Ако бракот се заснова само на сексот – тоа не е добро. Сексуалноста е секако важен аспект, но ако нема доверба, наклонетост, љубов – нема да опстане. Желбата е многу важна. Во бракот не мора да постои пенетративна врска, но важни се галењето, допирот, а оргазмот може да биде и без пенетрација. потсетуваме, клиторисот е орган кој не бара пенетрација.
Колкав и колку
Интересно е што кога се во прашање сексуалните односи, луѓето сакаат да слушаат точни одговори, иако е јасно дека ги нема. Сепак, дали има некакви рамки?
■ Колку секс е премногу, а колку премалку за врска? Во сексот никогаш не е важен квантитетот, туку квалитетот на односот. Ако имате секс еднаш неделно, кој е задоволувачки и за двајцата – тогаш тоа е одлично. Ако имате пет односи дневно, а едната страна не е задоволна – тогаш нема смисла. Сепак има број што приближно им одговара и на двете страни – еден секс неделно е доволно на 60 годишна возраст, а на 35 до 50 години, можат да имаат односи секој ден.
Сексолозите сметаат дека не е добро да се има повеќе од еден однос на ден, бидејќи на телото му треба време да се одмори, а луѓето треба да работат и нешто друго. Не случајно Никола Тесла ја оставил сексуалната енергија настрана за да се фокусира на науката. Потребен е отворен разговор, во кој партнерите ќе кажат што им се допаѓа, а што не. Важно е мажот да разбере дека оргазмот не е неопходен како што се мисли, но важна е пријатноста.
Поврзани објави
■ Колку долго треба да трае сексуалниот однос? Колку сакате. Реално, најдобро е ако трае вкупно половина час, што значи десет до дваесет минути предигра и десет минути самиот однос. Ако трае час и половина до два часа, запрашајте се што не е во ред, исто како што треба да се замислите ако трае прекратко. Сепак, не треба да се грижите за времето. Понекогаш може да биде убаво ако сè е готово за пет или десет минути.
Теоретски, за време на мастурбацијата, жената може да доживее оргазам за две и пол до три минути, додека на мажот во просек му требаат четири минути. Треба да се спомене уште една разлика. Ако е навистина возбудена, токму поради клиторисот и хормоните, жената по сексот може да влезе во оргазмичка фаза и да доживее повеќе оргазми од мажот. Деведесет и нешто проценти од мажите мора да имаат фаза на одмор, која, се разбира, е пократка за помладите мажи.
■ Коjа должина на пенис е премала, доволна, просечна, голема? Нормален пенис е од 10 до 16-17 сантиметри, а просечниот европски пенис е од 13 до 15 сантиметри кога е во ерекција. Обемот е 11-12 сантиметри. Кај големите пениси често има проблем со цврстината на ерекцијата. Во многу научни трудови е опишано дека многу мажи со преголеми пениси не можат да постигнат ерекција, па ги смалуваат. Жените го немаат овој проблем, но одреден број имаат аноргазмија, која е психолошки, хормонален или органски проблем, но и тоа може да се лекува.
Накратко, големината е преценета бидејќи мажите имаат страв од неуспех – па штом ќе почнат да размислуваат за својот пенис, тој обично се спушта, особено кога се многу заинтересирани за жената. Интересно е што од сите примати, човекот има најголем полов орган, а горилата има многу мал, иако е најјак. Убаво е да се види дека природата не бара големина.
Денес, операцијата за зголемување на гениталиите е доста развиена. Во опуштена состојба, пенисот може да се зголеми два до три сантиметри, што е доста. Неодамна се појави желба за зголемување на клиторисот. Просечниот клиторис е долг од 10 до 14 см од коренот до врвот, само што кај жените најголемиот дел е скриен, а се гледа до четири сантиметри. Кај мажите ситуацијата е обратна. Жената е сексуално скриена, бидејќи кога стои, не се гледа нејзиниот полов орган, а кај мажот важи спротивното.
Текст: Бранкица Трескавица