Почетна ЕкономијаПриведен маж од Велешта поради предизвикување пожар

Приведен маж од Велешта поради предизвикување пожар

од nenad
0 минути читај за

28/08/2024
ЛОКАЛНО


На локалниот пат село Велешта кон село Октиси вчера во 17.40 часот полициски службеници од Полициското одделение Велешта при ОВР Струга, го лишиле од слобода М.В.(38) од село Велешта, струшко поради тоа што во атарот на селото предизвикал пожар.

Од МВР денеска соопштија дека од страна на Територијалната противпожарна единица Струга пожарот бил изгаснат.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. цр/ев/

Фото: МИА архива