Table of Contents
Аргентинец го реновирал својот дом кога открил скриена соба за која верувал дека крие застрашувачка тајна
Крикс Ализ купил напуштена куќа и имот, откако татко му слушнал на пазар во Кородоба дека се на продажба. И покрај тоа што била многу евтина, куќата била за реновирање, па креаторот на содржини за социјалните мрежи го снимал целиот процес и ги објавувал видеата на својот профил на ТикТок.
Врата од друго време
Еден ден, додека ја отстранувал големата лоза во градината, сопственикот на куќата открил врата која изгледала како да е од некое друго време.
„Беше полускриена, како некој да сакал да остане тајна“, се присетил Ализ, а кога ја отворил, здогледал сцена замрзната во времето.
Внатре имало многу стари предмети, меѓу кои и книги со прашина, излитени столчиња, аналогни камери и стар проектор, кои изгледале како дел од свет што некој се обидувал да го скрие.
Скриениот премин открил морничава тајна
Иако просторот самиот по себе бил доволно морничав, сето тоа станало уште поневеројатно кога Ализ открил мал премин кој директно го поврзувал со дневната соба во куќата.
Наводно, во него имало мебел од претходниот сопственик, како што бил клавирот.
„Прво, многу се исплашив, но потоа одлучив да дознам што навистина се случило“, рекол Ализ.
Поврзани објави
@crixaliz puerta secreta parte 2 #caroline ♬ sonido original – Crix Aliz
Која била Аделина и дали навистина постоела?
Заинтригиран, Ализ ангажирал пророчница која му кажала дека постоел некаков дневник и му помогнала да го најде. Ѝ припаѓал на жена по име Аделина, по што почнал да го истражува нејзиното минато. Излегло дека нејзината судбина била трагична.
„Аделина била богата жена која доживеала длабоко страдање. Кога почнав да истражувам, сфатив дека таа, всушност, сакала некој да го пронајде нејзиниот дневник и да се дознае нејзината приказна“, рекол тој.
Што доживеала?
Наводно, нејзиниот сопруг ја заклучил во собата откако открил дека чека дете од нејзиниот професор по клавир.
„Ја изолирал од светот. Таа барала правда, сакала да биде сослушана и да се спаси“, раскажал тиктокерот.
Тој го пронашол и нејзиниот гроб со помош на пророчицата, па таму го оставил нејзиниот дневник. Потоа, почувствувал спокој и мир во куќата.
Иако сето ова го прикажал преку видеа, многумина се сомневаат во вистинитоста на неговите зборови и не веруваат дека воопшто постоела споменатата жена. Што мислите вие? Му верувате на тиктокерот?