Деценискиот конфликт меѓу Јелена Карлеуша и Светлана Цеца Ражнатовиќ со текот на времето не го губи својот интензитет, а во вителот на оваа естрадна војна секогаш се приклучуваат нови „војници“.
Сепак, никој не очекуваше дека тоа ќе биде помладата ќерка на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ – Ника Тошиќ.
Имено, еден корисник на социјалните мрежи ѝ го напиша коментарот: „Поздрави ја тета Цеца.“
Ника веднаш како од ведро небо му одговори:
Ќе ја поздравам кога ќе направи подобро видео – напиша таа на ТикТок.
Сепак, ова вмешување на ќерките во војната меѓу Јеца и Цеца не е ново. Во долгогодишниот конфликт, прва возврати Анастасија Ражнатовиќ, а Карлеуша ѝ возврати.
Имено, по изјавата на Анастасија Ражнатовиќ од пред четири години, за минатото и за стравот кој го трпела како дете, Јелена Карлеуша ѝ се обрати на Инстаграм, па преписката и конфликтот меѓу нив набрзо ескалира.
Поврзани објави
Откако Карлеуша ги наклевети Цеца и целото семејство Ражнатовиќ, Анастасија не ѝ остана должна и ѝ се обрати преку својата приказна на Инстаграм.
И те молам само немој да морализираш ти, не преправај се и не огласувај се на теми за кои никој не те прашува. Ја гледав твојата изведба на „Среќен роденден“ што ја сними за твојот љубовник. И можам да ти кажам дека тоа е најдоброто нешто што некогаш си го отпеала. Ако смееш, објави ја YouTube, ќе имаш милион прегледи за 24 часа, ти гарантирам! Можеби ќе бидеш и пред мене во трендингот! – напиша Анастасија, а Јелена набрзо ѝ одговори.
Позанимавај се со мртвата кариера на мајка ти!
Гледам дека повторно ми се обраќа ќерка на воен злосторник. Всушност неписмено, па брише, пишува… Ова е последен пат да се занимавам со небитни ликови како неа и ѝ одговарам: Убаво е што јавно признаваш дека постојано ми ја гледаш п******, бидејќи знаеш дека п****** ми е подобра од тебе и подобропее од тебе, поубава е од тебе и има повеќе талент и харизма“, меѓу другото и напиша Јелена Карлеуша на Анастасија Ражнатовиќ.
Фото: Инстаграм