Според Мицкоски, Арсовска на завчерашната средба во Владата немала план и ѝ биле дадени неколку идеи.
Дадов неколку идеи. Очекувам денес, утре, да организира координација со советничките групи и да го презентира планот конечно. Првин да го видиме планот на градоначалничката па потоа се разбира дека ќе сториме сѐ за да го заштитиме интересот на скопјани – изјави Мицкоски, при посетата на Неготино.Министерот за локална самоуправа Златко Перински по средбата со Арсовска рече дека очекувале да слушнат некаков план или реални потреби за кои како Влада и можеле да помогнат, но таа не понудила ништо конструктивно. Наспроти тврдењата на Мицкоски и Перински Арсовска вели дека изнела план, но бил одбиен и било побарано да подготви нов, како и дека причина за состојбите во градот се блокадите од советнилката група на ВМРО-ДПМНЕ и неизгласаните програми на јавните претпријатија.