Почетна Убавина и здравјеАко сте на море, НИКОГАШ НЕ ПРАВЕТЕ ГО ОВА! (ФОТО) – Убавина и здравје

Ако сте на море, НИКОГАШ НЕ ПРАВЕТЕ ГО ОВА! (ФОТО) – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Црвеното знаме е подигнато, а во морето има луѓе


Случаите на давење во омилените одморалишта на Македонците докажаа дека покрај сите убавини и предности на одморот, постојат и опасности кои постојано демнат во водата. Меѓутоа, туристите често ги игнорираат предупредувањата и советите, а сцената од Сарти во Грција е токму една од тие и на необичен начин буди страв кај сите нас.

Имено, во објава на ФБ-страницата „Грција инфо“, еден Радмило во својата објава објасни како изгледа  невниманието на туристите на одмор во Грција.

Црвеното знаме е подигнато, брановите и морските струи се силни, а во водата и покрај тоа има луѓе

Спаѓам во групата на пливачи кои поминале комплетен пливачки тренинг. Кога имав 3 години, татко ми ме научи да пливам. Татко ми кога беше млад се тркаше во пливање. Како тинејџер ја поминав ватерполо школата на Партизан во Бањица. Кога бев во војска, во морнарицата тренирав непливачи. Зошто го пишувам сето ова? – стои на почетокот на објавата на овој Србин.


Поврзани објави

Тој објаснува дека причината за оваа негова објава е желбата да ги предупреди сите туристи.

Пишувам да ги предупредам сите дека кога ќе се подигне црвеното знаме на плажата никој да не влегува во вода. Колку добро и да пливате, има моменти кога сте немоќни пред природата. Кога има големи бранови, излегувањето од водата е најопасно. Затоа апелирам до помладата популација овде, не играјте си со морето! Кога дува ветер со јачина од 8 бофорти, дури и големите траекти не пловат. Кога црвеното знаме е на плажа, не влегувајте во море – нагласува авторот на објавата и додава:

Сликата што ја ставам е од Сарти и овде можете да видите како неодговорни луѓе ја прекршуваат забраната за влез. П.С. Гледам дека многумина коментираат на оваа плажа во Сарти. Оваа слика е симбол за сите плажи на кои е поставено црвеното знаме – заклучува тој во соопштението.

Фото: Facebook