Почетна Убавина и здравјеЗаблеска на свадбена прослава неколку месеци по раскинувањето (ФОТО) – Убавина и здравје

Заблеска на свадбена прослава неколку месеци по раскинувањето (ФОТО) – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Младата пејачка сподели фотографии од својот изглед, а фустанот со впечатливи детали привлече бројни комплименти.

Мартија Станојковиќ привлече внимание со својот изглед на свадбена прослава, каде што се појави во елегантна комбинација и сподели фотографии со своите следбеници на „Инстаграм“.

22-годишната македонска пејачка избра небесно син фустан со прерамки, креација на дизајнерката Матеа Драгишиќ. Тоалетата се издвојуваше со висок шлиц и впечатливи црвени везени детали во долниот дел, додека долгиот крој се влечеше по земјата.

Изгледот Мартија го заокружи со минималистички накит и високи потпетици во слична нијанса. Фотографиите од свадбената прослава набрзо привлекоа внимание и ѝ донесоа низа комплименти на социјалните мрежи.


Поврзани објави

Нејзиното појавување доаѓа неколку месеци откако Станојковиќ потврди дека ставила крај на тригодишната врска со Матеј Казаков. По раскинувањето, пејачката продолжи со своите професионални активности, а на свадбата покажа елегантно издание кое не помина незабележано.

Screenshot Instagram