Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа денеска остварил средба со амбасадорката на Чешката Република во земјава, Ирена Гецова, на која биле разгледани можностите за унапредување на билатералната соработка, со посебен фокус на заштитата на животната средина.
На средбата, како што информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање, било истакната важноста на размената на искуства и експертиза, особено во областите на управувањето со отпадот, подобрувањето на квалитетот на воздухот и контролата на индустриското загадување.
Министерот Хоџа изразил благодарност за континуираната поддршка од Чешката Република во процесот на пристапување на Северна Македонија кон Европската Унија, како и за активната улога на Чешката амбасада во Скопје во поттикнувањето на соработката во областа на животната средина.
Двајцата соговорници ја потврдиле подготвеноста за понатамошно продлабочување на партнерството преку институционална соработка, размена на знаења и реализација на конкретни активности од заемен интерес. фф/дма/
Фото: Министерство за животна средина и просторно планирање