Почетна ЕкономијаПроф. д-р Синиша Наумоски на високо политичко случување во Мар-а-Лаго организирано од Бајрон Доналдс, во присуство на претседателот Трамп

Проф. д-р Синиша Наумоски на високо политичко случување во Мар-а-Лаго организирано од Бајрон Доналдс, во присуство на претседателот Трамп

од nenad
1 минути читај за

 

Проф. д-р Синиша Наумоски, претставник од академската и бизнис заедницата на Република Македонија, учествуваше на високо профилиран политички настан во резиденцијата Мар-а-Лаго, организиран од страна на конгресменот Бајрон Доналдс, кандидат за гувернер на Флорида.

Настанот, одржан на 1 мај 2025 година, претставуваше платформа за поврзување на водечки политички, дипломатски и бизнис личности од САД и од светот. Посебна тежина на настанот му даде присуството на актуелниот Претседател на САД, Доналд Трамп, како и на Потпретседателот Џеј Ди Ванс.

Проф. Наумоски, како единствен официјален претставник од Македонија, оствари значајни средби со високи претставници на американската политичка сцена, вклучувајќи го и поранешниот гувернер на Илиноис, Род Благоевиќ, денес близок соработник на претседателот Трамп. Дополнително, тој доби силна поддршка и од министерот за надворешни работи на Србија, Марко Ѓуриќ, кој исто така беше дел од настанот.

На настанот присуствуваше и Никола Андреевски – млад и успешен претприемач од Македонија кој работи во САД.

„Како претставник од бизнис секторот и академската заедница на Македонија, ми беше чест да бидам дел од еден ваков значаен политички настан. Ваквите контакти се од огромно значење за градење на нови мостови на соработка, видливост на Македонија и зајакнување на нејзината позиција во меѓународните процеси“, изјави проф. д-р Наумоски.

Овој дипломатски прием доаѓа во време кога Претседателот Трамп интензивно гради нови меѓународни партнерства, а Македонија добива сè поголема важност во стратегиските односи со САД.