Така беше и денеска на патрониот празник по повод 78 години од почетокот на работа на ООУ „Кочо Рацин“.Учениците ни приредија прекрасни музичко-ритмички точки, музички изведби од училишниот хор, литературно читање и свечено доделување на награди од ликовниот и литературниот конкурс. Заедно со министерот за образование и наука Јетон Шаќири истакнавме дека образованието е сржта на општеството затоа мора засилено да се вложува.Општина Центар ќе остане посветена во реализација на проекти кои го подобруваат образовниот процес за нашите дечиња.
The post ГЕРАСИМОВСКИ: ДЕЦАТА СЕКОГАШ ГИ БУДАТ НАЈИСКРЕНИТЕ И НАЈШИРОКИТЕ НАСМЕВКИ appeared first on МАКТЕЛ.