Младиот пејач јавно проговори за непријатното искуство со Шако, кој во последен момент го откажал снимањето на дуетот, а во исто време уживал на плажа.
Младиот пејач Емир Брунчевиќ јавно изрази разочараност од колегата Шако Полумента, кого го фатил во лага поради неодржаното снимање на нивниот заеднички спот. Настанот се случил само еден ден пред закажаниот термин за снимање на дуетот.
Како што објасни Емир во гостување во емисија, тој целосно ја организирал продукцијата, ангажирал тим и покрил сите трошоци. Шако, пак, му се јавил и рекол дека е болен и не може да присуствува, а истовремено испраќал снимки од плажа на заедничките пријатели.
Сè беше договорено по негови услови. Сакавме да снимиме песна која тој ја има снимено пред 20 години. Ден пред снимањето ми јави дека е болен, а истовремено уживаше на сонце,“ рече Емир, кој не го криел своето разочарување.
Водителот Огњен Амиџиќ се обиде да ја опушти атмосферата со шега, но Емир сериозно додаде дека по ова нема никаков контакт со Шако.
Јас тоа никогаш не би му го направил на колега. Станува збор за организација со 40 луѓе, време, труд и пари. Но, можеби и е подобро што не снимивме,“ заклучи пејачот.
printskrin Youtube – sako polumetna