„Ермес“ чанта, обувки „Шанел“, комплет и очила за сонце од колекцијата „Викторија Бекам“ – ова се задолжителните парчиња за есен 2026 година
Викторија Бекам е една од најпознатите модни трендсетерки. Она што ќе го облече или осмисли се носи со години. Така било и овој пат, кога фотографите ја уловиле како влегува во својот нов бутик во Њујорк.
За оваа пригода Викторија облекла сив плетен комплет од здолниште и маица – парчиња од нејзината нова колекција, додека на нозете носела обувки од колекцијата „Шанел“ на Карл Лагерфелд од 2010 година, а преку рамениците огнено скапа чанта „Ермес Кели“.
Чантата „Ермес“, инаку, чини 77.973 евра. Црните масивни очила за сонце од нејзината колекција чинат 229 евра, додека обувките „Шанел“ вредат околу 1.318 евра.
Поврзани објави
Ако на сето ова ја додадеме вредноста на нејзиниот комплет, можеме да заклучиме дека Викторија излегла во модно издание кое чини колку просечен стан во Македонија.
Што мислите вие? Дали овој изглед вреди толку пари?
ФОТО: ИНСТАГРАМ