Славица Чуктераш објави фотографија од болница и повторно ги загрижи обожавателите.Пејачката на социјалната мрежа Инстаграм откри дека повторно не е во најдобро здравје.Моментално е во приватна болница и е приклучена на инфузија.„Морам да си кажам само издржи, легендо“, напишала Славица во рамката на фотографијата шегувајќи се за себе. Поврзани објавиСлавица никогаш не се двоумела отворено да зборува за своето здравје, како и психички, кога имала напади на паника, па така и физички.„Кога се вратив во Србија мислев дека нешто не е во ред со моето здравје, па отидов кај општ доктор, кардиолог, не знам ни каде отидов… Сите ми кажаа дека сум сум апсолутно здрава, телото ми е младо, полна сум со сила, но знаев дека не ми е добро и дека нешто не е во ред со мене. Поминаа неколку месеци мачење додека не се свртев на вистинското место – последното нешто што ми остана беше невропсихијатар. Жената ми дијагностицираше анксиозност и напади на паника, што беше шок за мене. Таа ми рече дека тоа не е болест, дека е состојба и дека може да се лекува. Моето лекување траеше две години со терапија и разговори со невропсихијатар“, изјави еднаш Славица.
Порача само една работа (ФОТО) – Убавина и здравје
82