Не е лесно да се приготви оваа торта, но трудот се исплати, бидејќи вкусот е неверојатен
Ако барате рецепт за торта што лесно се приготвува, на погрешно место сте – но ви гарантираме дека ова е рецептот за највкусната торта на сите времиња. Станува збор за рускиот десерт медовик или медена торта, на која буквално никој не може да ѝ одолее.
Состојки:
За кората:
- 100 г путер
- 150 г шеќер
- 3 сушени лажици мед
- 1 мало лажиче сода бикарбона
- 2 јајца
- 350 г брашно – 1 шолја оди во тестото, остатокот се користи за месење
Се прават шест кори, а секоја кора се пече неколку минути.
За филот:
- 500 мл слатка павлака (млечна)
- 300 г кондензирано млеко
- 250 г милерам
- 1 лажиче ванила
Приготвување:
1. Измешајте путер, мед и шеќер, па загревајте додека се стопат кристалите на шеќерот. Потоа, додајте сода бикарбона и енергично мешајте за да не ви загори – штом смесата почне да менува боја, тргнете ја од рингла и префрлете ја во огноотпорен сад.
2. Потоа, додајте 2 јајца и брзо промешајте за да не почнат да се згрутчуваат белките. Нема потреба смесата комплетно да се олади, доволно е да почекате 3-4 минути.
Поврзани објави
3. Потоа, додајте брашно, промешајте, па замесете тесто на работна површина. По потреба додајте уште брашно.
4. Поделете го тестото на 6 еднакви дела и формирајте ги во топчиња. Оставете ги кратко да одморат – така полесно ќе се сучат – а потоа расучете ги во кори.
5. Секоја кора печете ја 4-5 минути, со вклучен горен и долен грејач во рерна претходно загреана на 170 степени. Корите можете да ги ставите на хартија за печење, па директно во рерна, без плех.
6. Кога корите ќе бидат готови, треба да ги филувате.
7. За филот, изматете слатка павлака, а во друг сад измешајте кондензирано млеко и милерам.
8. Со шпатула внимателно спојте ги слатката павлака и филот од кондензирано млеко и милерам.
9. Премачкајте ги корите од сите страни, па украсете ги по желба.
Погледнете ги подеталните упатства во видеото во продолжение…
ФОТО: ИНСТАГРАМ