Му родила дете на друг додека сè уште била во брак со актерот
Најнеобичната холивудска венчавка се одржала на 10 октомври на Хаваи. Станува збор за бракот помеѓу Џенифер Маер и Џефри Огунлес, кои го кажале судбоносното „да“ пред голем број пријатели и роднини што пристигнале ден претходно за да го прослават овој голем ден со нив.
Необичниот момент се случил пред самиот олтар, каде церемонијата за венчавката ја водел нејзиниот поранешен сопруг – Тоби Мегваер.
Џенифер и Тоби се развеле само еден месец пред оваа венчавка, а меѓу гостите биле и нивните деца, кои со внимание гледале како мајка им стапува во брак со Џефри.
Другата бизарна ситуација е што Џенифер му родила дете на Џефри додека сè уште била во брак со актерот Тоби Мегваер.
Што се случило меѓу Тоби и Џенифер?
Во 2007 година, дизајнерката на накит Џенифер Маер почнала врска со Тоби Мегваер, ѕвездата од „Спајдермен“.
Врската им била хармонична, среќна и успешна. Добиле две деца, живееле мирно и потоа се разделиле.
Во 2016 година Џенифер започнала бракоразводна парница, но во 2017 се смириле и се обиделе да го поправат односот.
Наоколу се шушкало дека Тоби се гледа со двојно помлади манекенки, додека жена му седи дома. Тој секогаш ги негирал тие шпекулации, но со оглед на тоа што најдобар пријател му е Леонардо ДиКаприо, сите знаеле дека имаат слични интереси.
Џенифер не можела веќе да го поднесе животот во тој брак, па повторно поднела барање за развод, кој не можеле да го официјализираат со години.
Поврзани објави
Во меѓувреме, Џенифер започнала врска со Џефри Огунлес, музички менаџер, основач на компанијата The Ogunlesi Group и син на нигерискиот милијардер Адебаја Огунлес.
Минатата година фотографиите од папараците се рашириле на Интернет, а на нив јасно се гледало дека Џенифер е бремена.
Бебето пристигнало на свет додека таа сè уште била во брак со Тоби Мегваер.
Само неколку недели пред венчавката, нивниот развод бил финализиран и таа можела со мирна душа да се омажи за својата нова љубов – Џефри.
Џенифер вторпат се омажила на истото место (и првиот пат се венчала на Хаваи), но овој пат нејзиниот сопруг ја водел церемонијата.
Младенците на венчавката ги поканиле Леонардо ДиКаприо, Кортни Кокс, Тоби Мегваер и низа познати пријатели. Сите тие продолжиле да се дружат со Џенифер и со Тоби и по нивниот развод.
„Многу се сакаат Тоби и мојот свршеник Џеф“, изјавила претходно Маер, а и фотографиите го покажуваат тоа.
ФОТО: ИНСТАГРАМ