Поминаа 21 година откако се венчале Доналд и Меланија Трамп
Доналд Трамп и Меланија Трамп слават 21 година брак. Тоа бил третиот брак за Доналд, а првиот за Меланија. Доналд веќе имал и деца со поранешните сопруги, додека Меланија дури подоцна го родила синот Барон.
И додека деновиве сите зборуваат за тоа како љубовта меѓу сопружниците исчезнала, на Интернет кружи едно видео кога Доналд и Меланија гостувале кај Елен во емисија.
Тоа било 2004 година, кога Доналд ја запросил Меланија и ја однел својата нова свршеница кај Елен во емисија, воедно промовирајќи ја и новата сезона на реалното шоу The Apprentice.
Во споменатото видео Доналд Трамп е невообичаено тивок и несигурен, додека Меланија е еуфорична и пресреќна.
Дваесет години подоцна, тие се непрепознатливи.
На прашањето на водителката дали бракот ќе успее, Доналд се врти кон Меланија и несигурно вели: „Мислам дека ќе успее“.
„Ова е најсреќната Меланија што некогаш сум ја видел“, коментирал некој под видеото:
„Таа се смее – тоа е толку необично!“
Поврзани објави
Друг истакнал:
„Вау, тие биле комплетно различни луѓе тогаш. Енергијата е толку различна.“
Некои се воодушевувале:
„Меланија е толку љубезна… Доналд имал среќа, навистина голема среќа.“
Две децении подоцна, сопружниците Трамп наводно имаат брачни проблеми.
Меланија отсуствувала од поголемиот дел од почетокот на вториот мандат на нејзиниот сопруг. Иако била повидлива последниве неколку месеци, била видена и како буквално се повлекува од претседателот.
На социјалните мрежи повеќепати се појавија видеа во кои Меланија одбегнува секаков физички контакт со својот сопруг, дури и обично држење за рака.
ФОТО: Јутјуб