Почетна Убавина и здравјеНивната 8-годишна љубов се срушила за миг! – Убавина и здравје

Нивната 8-годишна љубов се срушила за миг! – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Убавата русокоса не можела ни да си замисли што ќе ја снајде за време на обичната попладневна прошетка со сопругот

Имено, еден тиктокер случајно им пришол на улица додека снимал видео за врски и апликации за запознавање. Со оглед на тоа што девојката била сигурна во својот сопруг и имала максимална доверба во него, го прифатила овој, навидум, симпатичен предизвик. Нивната љубовна приказна траела веќе осум години, а пред две години се венчале.

„Дали смеете да си ги проверите телефоните еден на друг и да видите дали партнерот има некоја апликација за запознавање?“, ги прашал тиктокерот.

Првата реакција на мажот била дека нема потреба за тоа, бидејќи одлично ја познава својата партнерка и никогаш немале проблеми со изневерување.

Од друга страна, симпатичната девојка со насмевка му кажала на сопругот: „Зошто да не?!“, покажувајќи дека ѝ се допаднала играта на тиктокерот.

@hustlersartillery They were married… #real ♬ original sound – uncle


Поврзани објави

На крајот, се согласиле да учествуваат во предизвикот, па инфлуенсерот им објаснил како може да се направи овој тест на друг начин.

Имено, тој им покажал апликација на која со внесување неколку лични податоци може да се провери дали некој има профил на некоја апликација за запознавање, но и пред колку време бил активен.

Потоа, тиктокерот го напишал името, презимето и возраста на мажот од видеото, а резултатите ја разочарале неговата сопруга. На екранот се покажало дека тој има профил на позната апликација за запознавање, како и дека бил активен пред пет месеци.

Девојката шокирано го оттурнала, се свртела и побегнала од него. Тиктокерот ја довикувал, но таа не сакала да се врати.

Не направила никаква сцена, само достоинствено си заминала, па во коментарите под видеото многумина ја поддржале и се обиделе да ја утешат.

ФОТО: ТикТок