Нашиот водител и инфлуенсер Стефан Лазаров стана татко на први октомври. Тој и неговата сопруга Марта го добија синот Лука и се соочија со најубавиот животен предизвик.
Несомнено е дека родителството те менува од корен: ги менува твоите приоритети, навики, темпото на живеење и погледот кон светот. Така, Стефан Лазаров во своето најново видео на Инстаграм открива како се снаоѓа во новата животна улога.
Во видеото прво можеме да видиме дека во домот се слуша македонска музика, а потоа инфлуенсерот ги покажува и своите кулинарски вештини.
Во меѓувреме малиот Лука почнува да плаче – реалност што на сите родители им е добро позната. Стефан грижливо го преслекува па го смирува во прегратка, пред да и’ го препушти на хранење на мајката Марта, која закрепнува по породувањето и одмора колку што може.
Поврзани објави
„Имате поздрав од Лука“, пишува во описот на видеото, алудирајќи на гласното плачење на новороденчето.
Одлично е тоа што многу од денешните млади татковци совршено ја разбираат својата нова улога и еднакво учествуваат во грижата и воспитувањето на своето дете уште од најмали нозе, за разлика од минатото кога грижата за новороденчето претежно и’ била препуштена на мајката.
Што мислите вие? Како се снаоѓа Стефан Лазаров во улогата на татко?