23
Слатки, мали топчиња кои брзо се приготвуваат и имаат одличен вкус
Состојки:
- 400 г јаболка
- 400 г морков
- сок од 2 мандарини
- сок од 1 лимон
- 2 кесички ванилин шеќер
Приготвување:
Поврзани објави
Измијте ги, излупете ги и изрендајте ги јаболката и морковот, па динстајте ги на тивок оган со ванилин шеќер, додека зоврие течноста и смесата стане компактна.
Потоа, додајте сок од мандарини и лимон, измешајте го сето тоа и оставете да се олади. Формирајте топчиња и извалајте ги во шеќер, во мелени бисквити или во кокос.
ФОТО: Принтскрин Јутјуб