Пејачката, како и целиот регион, е длабоко потресена од црната судбина на настраданите во Нови Сад.
Регионот сѐ уште не може да закрепне од трагедијата што се случи пред пет дена, кога се урна настрешницата на железничката станица во Нови Сад, при што загинаа 14 лица, меѓу кои и деца.
Тројца од повредените се сѐ уште во тешка состојба, тие се во Клиничкиот центар во Војводина, а лекарите секојдневно даваат сѐ од себе да ги спасат од животна опасност.
Една од повредените е девојка (23) од Кисач, на која поради исклучително тешките повреди ѝ се ампутирани двете нозе и дел од карлицата…
Таа е мајка на едногодишно бебе и студентка на Медицинскиот факултет, а минатата година се омажи со човекот на нејзиниот живот.
Трагедија од вакви размери никого не остава рамнодушен, а многу јавни личности изразија тага и болка поради несреќата, како и сочувство до семејствата на загинатите.
Пејачката Ана Кокиќ се огласи на денот на трагедијата, 1 ноември, а нејзината порака во која напиша дека и нејзината ќерка требало да отпатува со воз за Нови Сад длабоко ги трогна сите.
Поврзани објави
Кокиќ не крие колку ја потресла судбината на овие млади и невини жертви, а денеска повторно се огласи на својот инстаграм-профил по овој повод, пишувајќи низ каков пекол моментално минува младата мајка од Кисач.
Мајка на едногодишно дете, студентка по медицина. Ампутирани ѝ се нозете и дел од карлицата! Борбата за нејзиниот живот сѐ уште трае – пишува покрај фотографијата од младата девојка која Ана ја објави.
За потсетување, повредената девојка (23) минатата година се омажила и родила ќерка, а според некои очевидци на оваа несреќа, додека била под урнатините им рекла на спасувачите:
Кажете ѝ на ќерка ми дека мама многу ја сака”…
Овие зборови сè уште одекнуваат во главите на цела Србија, која речиси една недела се моли за покој на изгубените души и успешно закрепнување на тешко повредените.
Фото: Printscreen Instagram Story @anakokicmusic