43
Адријана Лима по шест години се врати на модната писта откако се збогува со „ангелските крилја“ на Викторија Сикрет. Прекрасната Бразилка блесна на ревијата на Скиапарели на модната недела во Париз.
Многумина го чекаа овој момент. Адријана Лима прошета по пистата како во најдобрите денови во кариерата. Таа многу ослабна, па има вистинска женствена линија.
Да потсетиме, манекенката имаше вишок килограми по третата бременост. Таа полека се врати на старото јас и конечно успеа во тоа, а се коментира дека лицето го освежила со помош на естетски корекции.
Погледнете го големото враќање на Адријана Лима на пистата:
Видео: Инстаграм