Обвинителството бара одредување на притвор за сите осомничени, вклучувајќи поранешни министри и раководители, поради тешки дела против општата сигурност
Основното јавно обвинителство во Кочани отвори истрага против 27 физички и три правни лица во врска со катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“, при што загинаа 59 лица, а 197 беа повредени. Обвинителството побара притвор за сите осомничени, меѓу кои се и поранешниот министер за економија Крешник Бектеши, поранешната државна секретарка Размена Чекиќ-Дуровиќ и раководителот Беким Хаџиу.
Основниот суд во Кочани веќе одреди 30-дневен притвор за 13 лица, вклучувајќи го и екс-министерот Бектеши. За останатите осомничени, судот ќе одлучува во текот на денот.
Обвинителството ги товари осомничените за тешки дела против општата сигурност, според член 292 во врска со член 288 од Кривичниот законик. Покрај физичките лица, истрагата опфаќа и три правни субјекти поврзани со случајот.
Поврзани објави
Овие мерки следуваат по обемната истрага која ги опфати сите аспекти на трагедијата, вклучувајќи ги и можните пропусти во безбедносните стандарди и процедурите за издавање на лиценци.
Обвинителството истакна дека истрагата продолжува и дека ќе бидат преземени сите неопходни мерки за утврдување на одговорноста.
Фото: принтскрин социјални мрежи и Јутјуб