Почетна Убавина и здравјеМОН мобилизира 100 психолози за поддршка на заедниците погодени од пожарот во дискотеката „Пулс“

МОН мобилизира 100 психолози за поддршка на заедниците погодени од пожарот во дискотеката „Пулс“

од nenad
1 минути читај за

Фокус на училиштата со жртви, обезбедена поддршка за ученици, родители и наставници

По трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде што загинаа 59 лица и над 150 беа повредени, Министерството за образование и наука (МОН) презеде итни мерки за психолошка поддршка на погодените заедници. МОН мобилизираше мрежа од 100 психолози за да им помогнат на своите колеги во воспитно-образовните институции во Кочани, Виница, Штип, Чешиново – Облешево и околните места. Фокусот е ставен на училиштата каде што има жртви од несреќата, со цел да се работи со учениците, нивните родители, наставниците, но и со останатите граѓани засегнати од трагедијата.

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, изјави:

Досега 32 психолози ја минаа специјализираната обука, во која се вклучени Комората на психолози, Бирото за развој на образованието и УНИЦЕФ, и веќе обезбедуваат директна поддршка на терен“.


Поврзани објави

Поради утврдената потреба за поголем број стручни лица на терен, останатите психолози ќе се вклучат откако ќе ја поминат денешната обука. Тие работат согласно протоколи создадени за кризни ситуации, обезбедувајќи групна и индивидуална поддршка во училиштата каде што има жртви, како и за нивните соученици.

Покрај работата во училиштата, психолозите обезбедуваат поддршка и за студентите во Штип, вклучувајќи се во младинските хабови. Дополнително, на веб-страницата на МОН се достапни контакти од стручни лица кои се на располагање за разговор со сите граѓани кои чувствуваат потреба за поддршка во оваа тешка ситуација.

Фото: принтскрин социјални мрежи и Јутјуб