Откако беше објавено дека Алекс Корач, трансродовата старлета обвинета за уцена на поранешниот фудбалер, излегла од затвор, екипата на српскиот „Курир“ ја посетила населбата во која спортистот живее со својата невенчана сопруга.
Алекс Корач е осудена на 14 месеци затвор во Третиот основен суд во Белград поради обвинението дека го уценувала поранешниот фудбалер Вујадин Савиќ.
Како што дознава српски „Курир“ од свои извори, трансродовата старлета пред еден месец била префрлена од притворот, во кој поминала 13 месеци, во домашен притвор со електронска алка.
Алекс беше уапсена на 25 септември минатата година и беше во притвор до 23 октомври, кога беше префрлена во домашен притвор. Во меѓувреме, судот ја осуди на 14 месеци затвор бидејќи беше утврдено дека го сторила кривичното дело – открива изворот.
По веста дека Алекс излегла од затворот по повеќе од една година, екипата на kurir.rs одлучила да го посети соседството на Вујадин Савиќ и неговата невенчана сопруга, Мирка Васиљевиќ, на Нов Белград. Таму имала можност да дознае интересни информации за нив.
Соседите не го гледаат
Како што раскажале нивните соседи, по скандалот со Алекс, речиси воопшто не го виделе Вујадин во населбата.
Мирка е тука, ја гледаме речиси секојдневно. Се грижи за децата, ги носи и ги зема. Навистина е посветена мајка. Секоја чест за сè што издржа. Требаше да се поднесат јавниот срам и скандалот што ѝ ги приреди Вујадин. Него не сум го видела оттогаш. Слушнав во зградата дека живее некаде во Белград, мислам на Врачар. Тука, во станот, не се заедно. Дали заеднички одлучиле да се разделат или станува збор за нешто друго, навистина не знам – изјавила сосетка од зградата во која живее актерката.
Речиси идентична информација соопштил и друг сосед.
Мирка е тука, а Вујадин го нема во населбата, како во земја да пропаднал. Веројатно се преселил некаде. Актерката е прекрасна жена, немам ништо лошо да кажам за неа. Слушнав дека оваа старлета излегла од затвор, сигурно тешко му паднало на Вујадин бидејќи повторно се зборува само за тоа. Во последните месеци работите малку се смирија, но кога се случи тоа, ова беше главна тема во населбата најмалку месец-два. Тогаш и Мирка целосно се повлече, но подоцна работите се вратија во нормала. Што ѝ е гајле, и онака не беа венчани. Животот продолжува. Само храбро и напред – порачал соседот.
Главните актери не одговориле на новинарските повици за коментар.
Инаку, како што дознаваме неофицијално, трансродовата старлета ангажирала познати белградски адвокати, Немања Говедарица и Душан Тодоровиќ.
Поврзани објави
Редакцијата на српски „Курир“ ги контактирала нејзините адвокати, но тие не сакале да изнесуваат детали ниту да ги потврдат нивните сознанија, наведувајќи дека судењето било затворено за јавноста.
Го разбирам интересот на медиумите и јавноста за овој случај. Имајќи предвид дека со одлука на судот јавноста беше исклучена од главната расправа, како нејзин бранител сум должен да ја почитувам таа одлука. Исклучувањето на јавноста не значи само дека медиумите и граѓаните не можат да присуствуваат на главната расправа, туку подразбира и обврска присутните да го чуваат како тајна она што го дознале за време на расправата. Токму затоа нема да изнесувам факти, да ги коментирам изведените докази ниту да зборувам за деталите од главната расправа – изјавил Говедарица за „Курир“, додавајќи дека смета оти во ваквите случаи, без оглед на вниманието што го предизвикуваат во јавноста, особено е важно да се зачуваат приватноста и достоинството на сите учесници во постапката.
Судење зад затворени врати
Професионалната одговорност на адвокатот не се огледува само во тоа да знае што и кога треба да каже, туку и во тоа да знае кога, почитувајќи ги законот и етиката на својата професија, е должен да молчи – заклучил Говедарица.
Да потсетиме, случајот стана познат во јавноста откако Вујадин Савиќ ја пријавил Алекс поради сомнение дека го уценувала, барајќи од него пари.
Според неофицијалните информации што се појавија во медиумите, поранешниот фудбалер за време на сослушувањето во обвинителството зборувал за притисоците на кои наводно бил изложен, како и за парите и подароците што ѝ ги давал.
И Савиќ и Корач во текот на давањето искази потврдиле дека се познавале подолго време. Поранешниот фудбалер изјавил дека таа од него барала дури 50.000 евра и дека поради притисокот „не знаел каде му е главата“.
Алекс за време на престојот во притвор била сместена во одделението наменето за мажи. Причината за таквата одлука е податокот за полот што сè уште е наведен во нејзините лични документи.
Да потсетиме, таа со години вложувала големи суми пари во својот физички изглед, а само за одредени естетски интервенции потрошила вкупно 41.500 евра. Наводно, двапати го оперирала носот, а тие интервенции ја чинеле 19.000 евра. За обликување на телото и прераспределба на масното ткиво издвоила 9.000 евра, додека вградувањето силиконски импланти во градите го платила 3.500 евра. Уште 10.000 евра потрошила за импланти во задникот и филери.
Фото: Инстаграм