Јована Јеремиќ и Милош Стојановиќ Тигар пред неколку дена се венчаа во црква, а водителката сега објави емотивна снимка од церемонијата, на која се гледаат досега необјавени моменти.
Водителката Јована Јеремиќ пред неколку дена се венчала со Милош Стојановиќ Тигар во црква, по што двојката организирала и интимна прослава за најблиските.
Таа сега на својот профил објави досега невидени снимки од црковната венчавка, а покрај видеото напиша:
Некои средби и судбини Бог ги договара уште пред телата да се сретнат. Таквите средби на душите продолжуваат да траат во бесконечноста на вселената, и по минливоста на земниот живот.“
На снимката се гледа како Јована заплакува додека свештеникот ја чита молитвата, а ни Тигар не успева да ги сокрие емоциите. Тој постојано голта кнедли, обидувајќи се да не заплаче.
Погледнете ги емотивните моменти од церемонијата!
Поврзани објави
Инаку, кум на црковната венчавка на Јеремиќ бил Алекса, нејзиниот близок соработник од телевизијата „Пинк“ и еден од уредниците на нејзината утринска програма.
Набргу по завршувањето на церемонијата, тој се огласил на својот профил на Инстаграм, каде што покрај заедничката фотографија со младенците објавил и емотивна порака:
Еден од најубавите моменти во животот – љубов, завети и благослов пред Бога. Нека секој ваш заеднички чекор биде исполнет со среќа, почит и љубов. Да сте живи и здрави, младенци!“
Фото и видео: Инстаграм