Почетна Убавина и здравјеЕден детаљ ја откри вистината за нивниот однос?! – Убавина и здравје

Еден детаљ ја откри вистината за нивниот однос?! – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Иако со месеци се шпекулира дека таткото и синот се целосно дистанцирани, нивната комуникација очигледно не е прекината.

Кралот Чарлс и принцот Хари сепак останале во контакт, и покрај гласините дека нивната комуникација е сведена на минимум. Според информации објавени во „Пипл“, двајцата разговарале телефонски откако Хари, Меган Маркл и нивните деца повторно пристигнале во Велика Британија.

Лично се немале сретнато по враќањето на Хари, но телефонскиот разговор покажува дека каналот на комуникација меѓу нив не е затворен. Нивната последна средба лице в лице била во јули, во кралската резиденција Хајгроув.


Поврзани објави

Сепак, тоа не значи дека кралското семејство ги променило правилата за Хари и Меган. Чарлс испратил официјално известување до државни и воени претставници со кое било потврдено дека нивниот статус останува непроменет – без кралски должности и без користење на титулите „Негово“ и „Нејзино Кралско Височество“.

Во меѓувреме, Хари продолжува со своите активности во Велика Британија, особено околу хуманитарните проекти и подготовките за „Invictus Games“ во Бирмингем во 2027 година. Така, и покрај семејните несогласувања и јасно поставените граници, односот меѓу таткото и синот очигледно не е целосно прекинат.

Screenshot youtube