На 66 години го има ставот што ѝ овозможува најлуди стилски егзибиции.
Малку се жените, како во Холивуд, така и надвор од него, кои можат добро да ги „носат“ своите години како Шерон Стоун! Холивудската актерка се појави на премиерата на филмот The Bikeriders во Лос Анџелес и уште еднаш ни докажа дека со право важи за фатална жена.
Шерон Стоун пристигна на премиерата во впечатливо, модерно издание кое дефинитивно не е за секого – потребни се жесток став и добра енергија за да се износи вакво нешто, особено кога се ближите до 70-та година!
Поврзани објави
Имено, холивудската актерка блесна во луксузен костум со леопардест принт – кој е на работ на кичот и малку „претеран“, а сепак толку моќен и посебен.
Што мислите вие за ова нејзино издание?