Бившата манекенка носи гаќички кои откриваат сè и позира во срамни и ласцивни пози: „Се однесуваш како распуштена тинејџерка!“
Хајди Клум на почетокот на овој месец го прослави својот 51 роденден, но серијата нејзини нови провокативни фотографии докажуваат дека таа во душата сè уште е девојка, а и изгледа така. Бившата манекенка сподели многу предизвикувачка објава на Инстаграм која ги „запали“ мрежите и предизвика низа коментари – некои ласкави, некои критички.
Имено, Хајди Клум ја покажа својата беспрекорна, многу вита линија, позирајќи во проѕирна бела долна облека од тантела.
Поврзани објави
На две фотографии, убавата Германка заводливо позира на троседот во минијатурни гаќички кои речиси ја откриваат интимната зона, а акцентот е на бујното деколте.
На третата слика Хајди направи уште побезгрижна поза, но цело време има широка насмевка на лицето и изгледа дека навистина добро да се забавува. Заедно со објавата, таа кратко напиша „Добро утро, љубов моја“, а очигледно насетила дека ќе следат бурни реакции, па ја забранила опцијата да се коментира оваа објава.
Но тоа не ги спречи корисниците на социјалните мрежи да ги фалат и критикуваат овие фотографии на Твитер, но и под текстовите на странските портали. Имено, многумина тврдат дека манекенката се однесува несоодветно за своите години и дека претерува кога се во прашање разголените објави и споделувањето заводливи слики.
Фото: Инстаграм