Најжешката невеста? Популарната пејачка ги запали мрежите во провокативна долна облека!
Светската музичка ѕвезда Ријана повторно им ја разгоре фантазијата на своите обожаватели – не со нова песна, туку со нова секси фотосесија! Наместо да објави албум, кој нејзините фанови со нетрпение го чекаат со години, пејачката се појави во предизвикувачка долна облека од сопствената колекција Savage x Fenty.
Овој пат, темата беше „Невеста на прв поглед“ (At First Sight) – романтична и ултра-секси линија инспирирана од идните невести. Ријана позираше во нежен розов комплет со подврски, гордо покажувајќи ги своите природни облини по кои е и препознатлива.
„Пристигна невестата“, напиша таа во описот на фотографијата, а многумина веднаш се запрашаа – дали ова е најава за нејзината венчавка со долгогодишното момче, раперот ASAP Роки?
Поврзани објави
Фановите ја преплавија со комплименти за изгледот и самодовербата – без фотошоп, без филтри, само природна убавина и став што инспирира.
Погледнете:
Фото: Инстаграм