Џастин Тимберлејк по четиригодишна пауза во декември ќе одржи концерт во Лас Вегас, а ќе наплати дури 5 милиони фунти,
Американскиот поп и R&B пејач, текстописец, продуцент, танчер и актер, кој се прослави во доцните 90-ти како водечки пејач на бој-бендот ‘N Sync, внимателно се подготвува. за едночасовниот настап што ќе го одржи во хотел во Лас Вегас вреден 3,2 милијарди фунти., а тој ќе пее на отворањето на 13 декември.
Тимберлејк последен пат настапил во живо во април 2019 година во Ункасвил, Конектикат на последниот датум од неговата турнеја „The Man Of The Woods“.
За неговото враќање на концертите во живо се зборува откако неодамна повторно ги здружи силите со Нели Фуртадо и продуцентот Тимбаленд на песната „Keep Going Up“ објавена пред неколку недели, шеснаесет години по нивниот хит „Give It To Me“.