Керол блесна во прекрасен летен фустан – јасно е чиј моден ген го наследила принцезата.
Керол и Мајкл Мидлтон, родителите на Кејт, првпат се видени по долго време, односно од сознанието дека нивната ќерка има рак. Пристигнаа на коњските трки на Кралскиот Аскот и беа насмеани и елегантно облечени.
Керол е личност која секогаш привлекува внимание со своите стајлинзи, па не е чудно што нејзината ќерка Кејт Мидлтон е една од најдобро облечените жени во светот. Таа за настанот облече плисиран фустан со цветен дизајн, додека нејзиниот сопруг носеше елегантен костум.
Поврзани објави
Инаку, светските медиуми пишуваа дека Керол е секој ден со својата ќерка и дека ѝ помага да го преброди овој тежок период.
Исто така, беше објавено дека Керол и Мајкл неодамна паднале во големи финансиски проблеми. Компанијата на родителите на принцезата од Велс, Party Pieces, банкротираше, а долговите кон доверителите изнесуваат 3 милиони долари.